(Видео) Коментаторот Карло Зампа емотивно ја прослави победата на Рома

Легендарнот италијански коментатор Карло Зампа синоќа бил емотивен славејќи ја победата на Рома врз Барселона.

Фудбалерите на Рома одиграа меч за паметење во реваншот на чевртфиналето на Лигата на шампионите декласирајќи ја моќната Барселона со 3:0 и се пласираа во полуфиналето за првпат по 1984 година.

Фудбалерите, навивачите, членовите на управата историскиот успех на „волчицата“ го славеле цела ноќ. Возбудливо било и во коментаторската кабина, каде што се наоѓал легендарниот Карло Зампа, роден римјанин и голем навивач на Рома. Зампа секој гол на Рома против Барселона го доживеал на емотивен начин.

Тој работел како службен спикер на Олимпико до 2004 година, кога заработил отказ затоа што во најавата на мечот не сакал да ги прочита имињата на „предавниците“ Зебина, Емерсон и Капело.

 

Scroll to Top