Две кошаркарки на репрезентацијата на Мали се тепаа по поразот од Србија на Светското првенство во Сиднеј. Тие се тепаа за време на пресот со новинарите додека една од српските кошаркарки даваше изјава. Некои од нивните соиграчки се обидоа да ги раздвојат.
За потсетување, Србинките го добија натпреварот со убедливи 81-68, но во центар на вниманието беше тепачката меѓу две кошаркарки на африканската репрезентација.