(Видео) Крадец се облекол како Дедо Мраз, па заглавил во оџакот, 20 пожарникари со часови го извлекувале

Крадец облечен како Дедо Мраз сакал да влезе во една куќа во градот Силвер Спринг во Мериленд во САД преку оџакот, случајно се заглавил во оџакот па морале да го извлекуваат со часови.

Семејството кое живеело таму слушнале галама и веднаш повикале полиција. Крадецот се обидел да влезе внатре на 8 јануари околу 3 часот по полноќ. Полицијата ја пребарала целата куќа, но, на почетокот не можеле да најдат ништо.

Семејството морале уште еднаш да ја повикаат во 6 часот. Кога повторно стигнале полицајците слушнале гласини од каминот. Крадецот викал по помош, па морал да дојдат 20 пожарникари за да го извлчат. Откако го извлекле, бил однесен во болница. Сега против него ќе биде подигнато обвинение за кражба.

Scroll to Top