Дваесет и тригодишен маж од Боливија бил уапсен поради кражба откако полицијата му помогна да излезе од оџакот во кој се залави при намерата да изврши кражба.
Цел на момчето била една куќа во Буенос Аирес, а кога влегол, тој собрал сè што му се нашло при рака – скапоцени одела, MP4 плејер и таблет, кои ги ставил во една торба.
Во моментот кога сакал да го земе телевизорот, слушнал како некој доаѓа, го фатило паника, го вратил телевизорот на место, ја оставил торбата и почнал да бега.
Со оглед на тоа што сопствениците влегле дома, единствениот излез му бил преку оџакот, но се покажало дека тоа било лоша одлука.
Во обид да дојде до кровот, крадецот се заглавил на половина од оџакот, а потоа, свесен дека не може ништо да направи, почнал да моли за помош. Тогаш го слушнале соседите, кои веднаш повикале полиција.
Кога излегле на терен, полицајците морале да се качат на кровот на куќата и да се обидат да го извлечат. По кратка интервенција го извлекле мажот од оџакот, а потоа му ставиле лисици и го привеле во полициската станица.