(Видео) Крадци влегоа во домот на боксер, овој ги претепал па ги исфрлил низ врата

Американски боксер аматер претепал тројца маскирани мажи кои му провалиле дома. Им задал неколку удари и одма ги избркал. Фановите коментираат дека напорните тренинзи низ годините му се исплателе.

„Иако важи за најнапорниот спорт и тоа како се исплати да имаш некои боксерски вештини. Никогаш не знаеш кога ќе ти затребаат во самоодбрана. Крадците си го добија тоа што го заслужија“, коментираа тие.

Имаше и такви кои напишаа дека е среќа што немале огнено оружје, па сопственикот минал без никакви повреди.

Scroll to Top