Лебарка се појави на црвениот тепих на Мет Гала, како што пишува „Вараети“ инсектот умрел пред да стигне до Метрополитен музејот на уметноста.
Додека новинари, фотографи и обезбедување ја чекаа пејачката Ријана да влезе на Мет Гала, лебарка се појави на црвениот тепих, што предизвика голема галама.
„Аааа. О, Боже мој“, извикувале неколку шокирани стилисти и фотографи кога го виделе инсектот.
Еден од фотографите се пошегувал дека ќе го згази инсектот додека се приближувал до скалите.
„Не убивај го“, му довикувале другите и го засолниле инсектот.