(Видео) Лебарка се појави на црвениот тепих и ѝ го украде шоуто на Ријана

Лебарка се појави на црвениот тепих на Мет Гала, како што пишува „Вараети“ инсектот умрел пред да стигне до Метрополитен музејот на уметноста.

Додека новинари, фотографи и обезбедување ја чекаа пејачката Ријана да влезе на Мет Гала, лебарка се појави на црвениот тепих, што предизвика голема галама.

„Аааа. О, Боже мој“, извикувале неколку шокирани стилисти и фотографи кога го виделе инсектот.

Еден од фотографите се пошегувал дека ќе го згази инсектот додека се приближувал до скалите.

„Не убивај го“, му довикувале другите и го засолниле инсектот.

 

Scroll to Top