(Видео) Леле, бато, вакво нешто уште не сум доживеал: Во Србија се журкаат и на пороен дожд

На социјалната мрежа Инстаграм се појави снимка од забава која стана хит. Неколку луѓе од Србија организираа собир на отворено, со музика во живо. Во меѓувреме,  почна да врне силен дожд со силен ветер.

Меѓутоа, тие не дозволија тоа да расипе забавата. Се чини, дури, дека тогаш им стана уште позабавно. Додека едни се тргнаа под најблиската натстрешница, другите одлучија да ја продолжат забавата на летниот дожд.

Еден дури почна и да игра, како да му годеше овој изненаден туш.

Иако необична, атмосферата беше очигледно доста позитивна. Тоа не можеше да го премолчи ни пејачот кој низ песна додаде: „Леле, бато, ваков нешто уште не сум доживеал“.

Овие денови поголем дел од Србија е погоден од јаките временски непогоди во кои патиштата се преплавени и блокирани, а настануваат и големи материјални штети.

 

Scroll to Top