(Видео) Леле сине колкав си, само за кошарка си: Јокиќ купувал пиво во маркет, продавачката не го препозна

Никола Јокиќ ужива е на одмор во својот Сомбор, но повремено посетува и други дестинации на Балканот, меѓу кои и Босна.

Доказ за тоа е видеото кое го објави еден познат маркет од оваа земја, а кое стана хит поради опуштеноста на големата НБА ѕвезда, но и коментарот на продавачката.

Случката е снимена во градот Горажде, каде Јокиќ заедно со своите пријатели влегол да купи неколку освежителни пијалоци, но и пиво.

Јокиќ се гледа на камерата поставена во маркетот, но видеото стана регионален хит поради коментарот на продавачката која очигледно не следи кошарка

„Леле сине колкав си, ти си само за кошарка“, му рекла вработената во маректот

Сопственикот на маркетот во кој што бил Јокиќ дал изјава за порталот:

„Јас бев во град кога ми се јавија и ми кажаа: Знаеш ли дека во маркетот ни дојде Никола Јокиќ? Работникот којшто ми се јави и ми рече дека Никола и пријателите застанале за тој да помине со камионот за да ја заврши работата, а после влегле во маркетот по пијалак и други некои ситници.

Биле љубезни и расположени. Ма, никој не можел да верува, но се случува. Дина, работничката на каса, баш сите нѐ насмеа. Ние секако дека го споделивме видеото. Луѓето се воодушевени од средбата, но жал ни е што немавме прилика малку да поразговараме. Никола, но и сите други секогаш се добредојдени во Горажде и кај нас“, раскажал тој за порталот.

Scroll to Top