(Видео) Луда трка низ градот, двајца возачи на автобуси се бркаа за да соберат повеќе патници

На социјалните мрежи се шири видео од луда трка на градските улици на Бангконг, во која двајца возачи на автобуси се тркаат со цел да соберат повеќе патници.

Непознат автор ги снимил трката и групата исплашени патници, кои на крајот буквално бегаа од автобусите кога двата заглавија на една раскрсница.

По објавување на видеото, двајцата возачи биле повикани во централата за да ја објаснат својата страна од приказната. Тие признале што направиле и парично биле казнети со 1.000 тајландски бахи, односно околу 27 евра.

Scroll to Top