(Видео) Лука Дончиќ заврши во публика на натпреварот со Клиперси

Кошаркарот на Далас, Лука Дончиќ на мечот против Далас за момент заврши во публиката откако се обиде да стигне до топката за неговиот тим остане во акција. Словенецот имаше одличен натпревар и постигна 43 поени. Имаше и 11 скокови и седум асистенции, но и покрај добрата игра,  неговиот тим загуби со 113:101.

Kај Клиперси најефикасен беше Ленард со 33 поени, девет скокови и четири асистенции. Во останатите натпревари, Стеф Кари откако пропушти 11 натпревари се врати во составот кај Голден Стејт, но тоа не беше доволно за победа против Феникс. Гостите победија со 113:125, а Томпсон со 29 поени беше најдобар за Вориорси, додека Бриџис даде 26 поени за Феникс.

Филаделфија – Детроит 147:116, Мајами – Оклахома 112:111, Торонто –Шарлот 132:120, Јута – Кливленд 116:114, Голден Стејт – Феникс 113:125, Портланд – Орландо 106:109,  ЛА Клиперс – Далас 113 -101.

 

Scroll to Top