(Видео) Магарето на Шварценегер славеше роденден во карантин

Арнолд Шварценегер во изолација го прослави првиот роденден на неговиот миленик, магарето Лулу. Тој на „Твитер“ објави дека Лулу денес полни 1 година и сподели видео на кое ја храни со колачи.

„Денес Лулу може да јаде благо колку што сака“, напиша тој.

Милениците на Популарниот Терминатор предизвикуваат големо внимание во јавноста, оти глумецот често објавува слики и видеа со нив. Освен магарето Лулу, тој го има и понито Виски. Животните ги чува во неговиот дом во Лос Анџелес, а на видеата што ги споделува, се гледа дека тие се најчесто во кујната или во дневната соба од семејната куќа на Шварценегер.

Scroll to Top