(Видео) Македонија во Европа и без Бојко Борисов: се слави на улиците на Скопје

Радости низ Скопје. Свирeње од автомобили, слави победата. Репрезентацијата на Македонија за првпат успеа да се пласира на Европско првенство. За жал, поради пандемијата, не може да има собири, но и вака е радост.

На социјалните мрежи осамнуваат слики, видеа. „Короната е умрено. Македонија во Европа и без Бојко Борисов“…

Со победата на Грузија од 1:0, вечерва на „Динамо арена“ во Тбилиси селекторот Игор Ангеловски и неговите фудбалери изборија пласман на Европското првенство 2021 година.

 

Scroll to Top