(Видео) Македонскиот фан кој го дупна тапанот додека навиваше на стадион, доби нов тапан

Македонскиот навивач кој стана хит додека ја бодреше Македонија удирајќи на скинат тапан, сега доби нов. Тој во Букурешт веќе го сефтоса новиот тапан и од тука ќе продолжи да навива за Македонија, која Европското ќе го продолжи во Холандија, каде ќе го игра последниот натпревар.

„Со ваква страст се бодрат фудбалерите“, „Еден ден неговите внуци ќе раскажуваат како дедо им бил главна фаца на Европско“, коментираа на социјалните мрежи.

Тој продолжи да чука на скинатиот тапан и по мечот со Украина и во стариот град на Букурешт, каде се собираа македонските навивачи и секој ден правеа фешта.

Видеото додека удира на скинатиот тапан стана хит на интернет.

„Не постојат зборови да се опише ова. Мажот со скроз искинат тапан удира во него него и пет часа по натпреварот. Каков херој“, стои на Твитер.

(Видео) Македонски фан го дупна тапанот додека навиваше на стадион, па на скинатиот тапан чукаше и низ улиците на Букурешт

Scroll to Top