Учесничка на изборот за најдобар задник на Бразил, популарниот „Мис бум бум“, незадоволна од одлуката на жирито, направи сцена, откако беше прогласена победничката. Причина за ваква реакција била љубомората, но и фактот дека „само нејзиниот задник бил вистински“.
„Овие останатите се силиконски“, рекла нервозната Алина Уве, откако излезе на сцената и ѝ ја зема сосила златната лента на победничката, само неколку секунди откако ја прогласија. Златната лента за најдобар задник ја доби на Елен Сантана.