(Видео) Маж припитомил ајкула

Рик Ендерсон од Австралија има уникатен миленик, ајкула женка која ја нарекол Порт Џексон. Според Рик, кој 27 години се занимава со нуркање, секогаш кога ќе влезе под вода, ајкулата доаѓа да се гали со него.

„Почнав да си играм со неа пред седум години. Ѝ пријдов пополека за да не ја исплашам и потоа нежно ја погалив. Наскоро се привикна на мене, па често ја лулав и зборував со неа низ својот регулатор“, рекол Рик за „Борд панда“.

„Ме препознаваше штом ќе нурнев до неа, па ќе ме допреше по нозете за повторно да ја галам. Поголемиот број нуркачи не можат да веруваат дека тоа се случува. Јас не ја хранам туку се однесувам кон неа како кон малечко куче“, објаснил Рик.

Scroll to Top