(Видео) Мечка бркаше скијач на патека во Романија

Неверојатно видео е снимено во познат ски-центар во Романија, каде скијач едвај спасил жива глава од мечка, која го бркала. Скијачите од ски-лифтовите забележале како една мечка трча агресивно кон еден скијач

Љубителите на зимските спортови во романскиот ски-центар „Предеал“ со неверување гледале како на патеката влетала мечка.Неверојатната сцена ја снимил еден од скијачите кој во моментот бил на жичницата. Забележеле дека мечката трча агресивно кон еден од скијачите и паничко врескале со намера да го привлечат вниманието на животното.

Скијачот,  по кого тргнала мечката, успеал да се спаси благодарение на ранецот што го имал на себе. Во еден момент го фрлил ранецот и така ја запрел мечката, која се посветила на него, а скијачот најбрзо што може се оддалечил од животното.

 

Scroll to Top