(Видео) Мистер Бин во телото на Шарлиз Терон за реклама на Диор

Кристијан Диор снимил спектакуларна реклама за парфемот J’adoir Absolu, со Шарлиз Терон во главна улога, а на интернет се појавила пародија од ова. Во видеото кое кружи на интернет препознатливото лице на актерот Роан Аткинсон, кој инаку го толкува ликот на легендарниот Мистер Бин, се наоѓа на телото на Шарлиз Терон.

Јутјуб-каналот “Cookedpixel” објавува реклами и изменети спотови, каде на познатите актери или пејачи им го менуваат лицето со некоја друга позната личност, па така настанало и ова видео кое го погледнале речиси 700.000 луѓе.

„Одлично е, но  тажен сум што не е заменет и нејзиниот глас со неговото чудно мумлање на крајот од рекламата”, гласел еден од коментарите.

Погледнете како изгледа кога ќе се спојат убавата Шарлиз и одличниот Мистер Бин:

Scroll to Top