Момчето кое што седеше на трибините на безбол мечот кој се играше во Калифорнија меѓу екипите на „Падрес“ и „Сан Франциско Џајентс“, се најде во незгодна ситуација.
Додека траеше полувремето свиреше песната Get Low од раперот Лил Џон. Песната особено ја развесели неговата мајка. Таа стана и почна да танцува, а се приклучи и таткото на момчето кое седеше до него.
Иако публиката му скандинираше, момчето кое седеше меѓу родителите му беше непријатно, што може да се види и по црвенилото на неговите образи.
Still think this funny after waking up! Awesome moment at last night’s @Padres game. @LeBatardShow @HQonESPN @BleacherReport @Deadspin @SportsCenter pic.twitter.com/CqpYur7upd
— Rudy Rendon (@RendonRudy) July 31, 2018