(Видео) Мост се урна додека властите го отвораа и сечеа лента

Пешачки мост се урна во Демократска Република Конго, во моментите додека официјалните лица се подготвуваа да го отворат и да ја пресечат лентата.

Многумина на социјалните мрежи коментираат и осудуваат за неквалитетно направената градба. Пешачкиот мост било планирано да им помогне на мештаните за да ја преминат реката, која за време на обилните врнежи често се излева.

Стариот импровизиран мост често се кршел и претставувал ризик по животите на луѓето. Досега голем број луѓе загинале во период на поплави, во обид да ја минат реката.

Scroll to Top