(Видео) Му направи на синот фризура од погрешниот Роналдо

Видеото од момче кое што доби погрешна фризура од неговиот татко, брзо се рашири на социјалните мрежи. Момчето го замолило да му направи иста фризура каква што има Кристијано Роналдо, но наместо таа, тој ја добил фризурата од Бразилецот Роналдо.

Поранешната бразилска ѕвезда таквата фризура ја имаше на Светското првенство во 2002 година, поради која често беше мета на потсмев.

Грешката на момчето бил начинот на кој тој од татко му побарал да му направи иста фризура како на Роналдо. Тој се пошегувал со него кога му кажал дека за него постои само еден Роналдо, а тоа е Бразилецот.

За потсетување Роналдо на Мундијалот во 2002 година во Јапонија и Јужна Кореја, имаше фризура која до тогаш не беше видена во светот на фудбалот.

За истата фризура зборуваше целиот свет. Роналдо тогаш постигна осум гола и му ја донесе светската титула на Бразил.

Scroll to Top