(Видео) На фудбалер му се смееја кога сакаше да одглуми фаул

Сакраменто го победи Лос Анџелес Галакси и мина во полуфиналето на купот на МЛС-лигата. Сепак, натпреварот мина во сенка на потегот на напаѓачот на победничкиот тим Даглас Мартинез. Тој го изведе едно од најлошите симулирања на фаул во историјата на фудбалот.

Моментот се случи во 74. минута кога дојде до контакт меѓу него и противничкиот фудбалер Ник Депуј. Судијата досуди фаул во корист на тимот од Лос Анџелес кога Даглас направи очигледен прекршок, но место да признае, тој почна да се врти по тревата.

Не ги изненади само противничките, туку и своите соиграчи. Кога застана, ја крена главата да види дали судијата досудил фаул во негова корист.

Scroll to Top