(Видео) На Љупчо уште бунда му фали

Министерот за земјоделство Љупчо Николовски, врз кошулата облече маица на +40 степени и се зовре, за време на кампањата „Здрав оброк за секое дете“. Се шегуваа дека уште бунда му фали на топлово.

Денес во дворот од детската градинка „Кочо Рацин“, објект „Панорама“ во општина Центар се доделуваат првите килограми здрава ужинка за децата.

Покрај Николовски, министерката Јованка Тренчевска и градоначалникот на општина Центар Горан Герасимовски се дел од креативните работилници заедно со децата  продготувајќи разни производи од овошје.

Scroll to Top