Натпреварувач на исландскиот квиз Gettu Betur, го демолираше студиото, откако изгуби во квизот. Неговото однесување стана хит на социјалните мрежи. Тој почнал да фрла со чаша вода и да го руши пултот, по што го напуштил сетот.
Водителката се обиде да продолжи со шоуто, но кога во заднината сè уште се слушаа звуци на кршење, таа, сепак, реши да престане да снима и објави реклами.