Шефот на Светската здравствена организација Тедрос Адхан Гебрејсус за време на неговото обраќање пред извршниот одбор на СЗО, го прекина говорот за да се напие вода. Откако се закашла им се обрати на присутните за да ги смири.
„Не се грижете, не е коронавирус“, се пошегува Тедрос.
Откако се појави во кинескиот град Вухан, досега од смртоносниот коронавирус во Кина, починале 361 лице, а повеќе од 17,0000 се заразени. Гебрејсус навел дека пријавени бие 151 случај во 23 други земји, од САД па се до Јапонија. Гебрејсус изјавил дека државите нема потреба да влијаат на меѓународните патувања и трговија, во обидите да го спречат ширењето на коронавирусот.
„Ги повикуваме сите земји да се држат до одлуките, засновани на доказите“, изјавил Гебрејус, пред извршниот одбор на СЗО. Тој ја повторил својата порака претходно, дека глобалната поврзаност е слабост во епидемијата, но и најголема сила. Кина донела одлука, некои земји, вклучувајќи ги и САД, поради забраната за влез на граѓаните во провинцијата Хубеј, кој е центарот на епидемијата на коронавирусот и поради откажувањето на летовите, што е во спротивност на препораките на СЗо, да не се превземаат непотребни или претерани мерки.