На социјалните мрежи се споделува видео на кое невеста се тркала по тревата, соборува еден од гостите на свадбата и го тепа. И додека таа го тепа гостинот, една од нејзините старосватици, пијана, спие во калта.
Видеото е снимено во градот Свонси во Велс. Не се знае заради што почнале расправијата и тепачката, но во позадина се слуша глас што вели дека викнале полиција.
„Многу луѓе што беа поканети на венчавката не сакаа да дојдат затоа што очекуваа вакво нешто“, напиша лицето кое ја сподели снимката на „Редит“.