(Видео) Обожавател си го истетовира градоначалникот на Кавадарци

Извесен обожавател си ја истетовира ногата со ликот на бизнисменот и актуелен градоначалник на општина Кавадарци, Митко Јанчев. Под тетоважата на која е нацртан ликот на Јанчев кратко пишува: „Мито е Тито“. Споделено е видео со ликот од кавадаречкиот градоначалник кое е хит на социјалните мрежи. Не е првпат некој да си го истетовира телото со омилениот политичар. За потсетување, Сашо Мијалков заврши како тетоважа на телото на бате Геле, а ништо помалку не беше актуелна и тетоважата со Никола Груевски.

Scroll to Top