(Видео) Обожаватели на Трамп се молат пред местото каде што се бројат гласовите

Продуцентката на NBC, Алиса Естрада, на свјот твитер-профил објави видео на кое се гледаат како обожавателите на Трамп се молат актуелниот американски претседател да победи на изборите во САД.

Група луѓе се собрани пред центарот во кој се бројат гласвоите во округот Кларк во клучната сојзуна држава Невада.

Сите се клекнати пред влезните врати и се молат, а Алиса изјавила дека се молат за правда и дека се надеваат дека праведноста ќе преовладее.

Во Невада демократскиот кандидат Бајден води со 11.500 гласа од 84 % од пребројаните гласови, односно 0,9 % разлика во однос на Трамп, а во Аризона има нешто повеќе од 46.000 гласа, односно 0,6 % пред Трамп со 90 % од пребројаните гласови.

Scroll to Top