(Видео) Огромна бубачка го удри Џо Бајден додека држеше говор

Огромна бубачка го удри претседателскиот кандидат Џо Бајден за време на неговиот говор за заштита на животната средина. Тој реагира веднаш и успеа да ја тргне бубачката.

„Извинете, тоа беше бубачка, кога сме веќе кај природата“, изјавил Бајден, кој подоцна предизвика смеа на социјалните мрежи.

Додека во Америка истовремено се шират пожари и се закануваат поплави од ураганот Сали, Бајден во својата кампања го искористи моментот да го нападне Доналд Трамп поради негирањето на климатските промени и да ја нагласи важноста од итни мерки.

Scroll to Top