(Видео) Овца пет години лутала со 35 килограми волна на себе

Овцата која го добила надимакот Барак пет години лутала низ дивината во Австралија, со 35 килограми волна на себе. Кога австралиски волонтери ја забележале им требало некое време да сватат за што станува збор.

Тие велат дека Барак поминал во дивината пет години и дека целото крзно го покрила животното, па затоа не можеле да препознаат дека станува збор за овца.

Тие веднаш го згрижиле животното. На основа на количината на крзно, заклучиле дека овцата веројатно не била стрижана минимум пет години. Крзното целосно му го променила изгледот, а Барак едвај се движел поради големиот товар. Волонтерите велат дека му бил отежнат и видот.

За стрижење на една овца потребни се околу десетина минути, но за новиот изглед на Барак на волонтерите им било потребно повеќе од еден час. Оваа овца имала среќа и сега закрепнува и се навикнува на животот во азил за животни.

Scroll to Top