(Видео) Пајак ја исплаши австралиската министерка за здравство додека држеше прес

Огромен пајак ја исплаши австралиската министерка за здравство, Ивет Дат, додека држеше прес-конференција за медиумите. Додека зборуваше за најновите бројки во врска со короната, еден од новинарите ѝ викна да внимава и до неа има голем пајак.

„Може ли некој од вас, ве молам, да го тргне пајакот“?, им рече Дат на луѓето од обезбедувањето, па продолжи со пресот.

„Ќе продолжам да зборувам како да немам пајак на грбот, но може ли да ме предупредите ако пак дојде“, се пошегува Дат.

Scroll to Top