(Видео) Пар од Тексас направи свадба во авион, невестата во фустан од тоалетна хартија

Пар од Тексас се венчаше во авион на летот од Остин, Тексас до Оукленд, Калифорнија. Во организацијата за свадбата им помогнал и екипажот на летот.

Тамара Богети, патничка во авионот, рече дека невестата и нејзиниот иден сопруг се качиле во авионот со торба во која очигледно имало венчаница.

„Околу еден час по летот, стјуардесата и пријде на жената и ја замоли да дојде со неа до задниот дел од авионот“, изјавила патничка која била очевидец на настанот.

Невестата потоа се вратила кај нејзиниот вернеик. Таа наместо класична венчаница, направила импровизиран фустан од тоалетна хартија.

На видеото снимено од патничка, невестата се гледа како оди со превез од тоалетна хартија и импровизиран бидермаер, исто така од хартија.


“Тие направија кратка лажна церемонија. Беше толку забавно и креативно. Ги „разнесе“ сите во авионот”, додаде таа.

Scroll to Top