(Видео) Пијан Русин во обид да си ја врати девојката ѝ го запалил станот

Пет лица завшиле во болница откако маж од Сибир ја запалил куќата на својата девојка. Русинот во обид да ја врати саканата, зготвил план како да и го запали местото каде живеела, а потоа да ја спаси и да испадне херој на денот.

Русинот сега се соочува со казна од пет години затвор. Несреќниот Ромео како што го нарекуваат руските медиуми, на полицијата им кажал дека бил под влијание на алкохол кога ја запалил куќата.

Ја запалил вратата во комуналниот простор на зградата, а откако не успеал да го угасне оганот, жителите биле принудени да повикаат противпожарни служби.

Подоцна полицијата го пронашла Русинот во една од околните кафани и го уапсила. Властите против него покренале кривична истрага, прогласувајќи го инцидентот како хулиганство.

Scroll to Top