(Видео) Полиција упадна среде македонска свадба, па место да ја растури се фати за оро

Македонци во Канбера правеле свадба викендов, а кога соседите повикале полиција поради гласната музика, гостите ги фатиле на оро и полициските службеници.

Видео снимка од настанот каде полицајците заедно со свадбарите играат оро е објавена на „Сиднеј Мацедониан”, сосе објаснување за несекојдневната случка.

На крај на видеото, полицајците заминуваат со ракоплескање. Инаку, во Австралија по долгите карантини, сега дозволени се свадби и забави на кои можат да присуствуваат до 300 лица, а до 30 лица можат истовремено да танцуваат на подиумот.

Scroll to Top