(Видео) Полиција запре македонски автобус во Германија, од торбите ваделе тегли со ајвар

Торби полни со тегли со ајвар и друг вид зимници, како компоти, туршии било причината германската полиција да се посоменава во автобус со македонски патници што тргнал од Охрид. На социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа како полицијата во Германија запира автобус од Македoнија кој тргнал од Охрид. Причината поради која бил сопрен автобусот наводно бил сомнителниот багаж. На снимката се гледа како полицијата ги замолува патниците да го земат својот багаж и да влезат во собата за скенер. Подоцна од торбите полицијата ги извадила зимниците со ајвар и компоти.

Scroll to Top