(Видео) Полициска потера со два автомобила бркаше коњ на автопатот Скопје – Тетово

Коњ кој влече запрежна кола предизвика голема опасност на автопатот од Скопје кон Тетово. Коњот со голема брзина трчаше во спротивен правец, а полициското возило кое го следеше се обиде да го запре.

На крајот во потерата се вклучија уште неколку полициски возила. На социјалните мрежи се шегуваат дека ова било најновиот модел на Тесла. Kоњот веројатно избегал од својот сопственик од  некое од селата на потегот Скопје кон Тетово.

.

Scroll to Top