(Видео) Поп со џип влезе во река на Водици па ги повика младите да рипаат по крстот

Снимка на свештено лице од Србија стана хит на социјалните мрежи, откако на видеото од традиционалното Богојавленско капење  попот прво со џип влегува на средe река, а потоа ги охрабрува учесниците да рипат во вода по крстот.

„Немој, ќе се преврти“, извикал еден од присутните додека џипот се спуштал во поплиткиот дел од реката, паркирајќи се во вистинската позиција за да им го фрли Светиот крст на капачите во водата.

Кога свештеникот се нашол на вистинското место и кога младите се приближувале до реката преку мостот, се слушнало прашање, кое наводно попот им го поставил на момчињата кои решиле да пливаат за Светиот крст на студеното време.

Ајде, имаш ли муда?“ било прашањето, по што се слушнала смеа на насобраните.

Scroll to Top