(Видео) Порно на железничката станица додека патниците чекаат воз

На железничка станица во Индија, на еден од телевизиските екрани на платформата, било пуштено порно во етер. Снимката одела додека стотици патниците, меѓу кои и жени и деца на перноите чекале воз.

Настанот се случил на станицата Патна во Калкута, а од Индиската железница рекоа дека поднеле кривична пријава против приватна компанија за пуштање експлицитна снимка.

Видеото траело околу три минути, а било прекинато откако неколкумина од патниците се пожалиле на одговорните. Агенцијата со седиште во Калкута, добила договор за емитување реклами на екраните, кои се користат за објавување на пристигнувањето и заминувањето на патничките возови.

„Железниците го раскинаа договорот со агенцијата и повикаа на понатамошна истрага за случајот“, изјави претставник на Индиските железници.

Оттаму велат дека во тек е темелна истрага за случајот, а побарано е од комерцијалниот оддел трајно да ја стави агенцијата на црна листа. Индиските медиуми објавија дека раскрсницата Патна била во вестите за прикажување порно филмови на ТВ екраните и во средината на 1990-тите

Scroll to Top