(Видео) Пред финалето си ја истетовирал ногата и напишал Англија шампион

Младиот Англичанец Луис Холден пред големото финале на Европското првенство меѓу Англија и Италија направил тетоважа на ногата на која пишува „Англија шампион“. Тој како и повеќето Англичани бил убеден дека ова е нивна година и дека конечно ќе го освојат пехарот.

Сепак на крајот пехарот отиде на Апенините. Сега кога Италијанците станаа европски шампиони, тој вели дека му е жал, но нема да ја избрише тетоважата, туку дека можеби малку ќе ја промени. За „Скај спорт“ вели дека многумина му велат да ја покрие тетоважата, но тој не сака.

„Што да правам, веќе е направена. Ми рекоа да ја покријам, да ја тргнам, но нема. Може само да го променам датумот, со ЕВРО 2024. Или да пишува, `победник во полуфинале`. Многу навивачи од Италија ми пишуваа, но и мене ми е смешно“, рече Луис.

Англичаните чекаат на трофејот од 1966 година. Овој пат „Гордиот Албион“ стигна до финалето, и тоа на домашен терен, а навивачите цело време ја пееја познатата песна “It’s coming home”.

Scroll to Top