(Видео) Работнички се исплашија кога огромен гуштер им влезе во канцеларија

Работнички во една курурска служба на Тајланд се исплашија и почнаа да вриштат, кога во канцелариите видео како се шета гуштер голем речиси 2 метри. Жените станаа и почнаа да бегаат од него додека тој се шеташе на подот. Една од нив побегна надвор, а друга се качи на стол.

Третата се криеше во едно ќоше и викаше по помош. Тие велат дека во прашање било гуштер кој бил познат по тоа што ги каса луѓето.

„Ова е најстрашно што се случило во нашата канцеларија. Се уплашив кога го видов. Срцето ми чукаше силно. Навистина си помислив дека ќе ме нападне“, рече една од вработените.

Набрзо стингале надлежните служби, но, гуштерот претходно си заминал. Овој вид живее во канали и бари во големите градови како што е Тајланд, а се храни со риби, змии, жаби и остатоците од храната кои ги фрлаат луѓето.

Доколку почувствуваат закана, стануваат агресивни, а нивниот гриз може да ослободи отров кој понекогаш може да биде опасен по човекот.

Scroll to Top