(Видео) Ромска крштевка од милион евра: златна круна и тепих од пари

Ромска кршетвка со милиони евра, организирале баби и дедовци за нивните внуци во Белград. Околу еден милион евра биле потрошени за крштевката.

На социјалните мрежи се појави видео на кое се пренесени само делови од оваа гала прослава. Самата прослава започнала со жадиња, кои ги израдувале гостите. Салата била украсена со златни и бели детали, а домаќините се погрижиле никој да не ја напушти прославата гладен, па имало разновидни пијалоци и храна.

@bozic.uros

Krštenje koje se pamti 💶💶💶 #fyp #foryoupage #tiktok #balkan #svadbaodmilionevra #urosbozic #happytv #svadba #narodnamuzika

♬ original sound – bozicuros

„Тој ден буквално можеше да пиеш што сакаш“, вели водителот Урош Божиќ на почетокот на видеото.

Домаќините биле облечени во бело, а првите кумови пристигнале директно од Бразил, а биле пречекани со огномет, што било случај и со останатите кумови кои донеле печено прасе и торта.

Внуките биле облечени ито така во бело и со златни круни на главите. На кршетвката имало торта од седум спрата украсени со ликовтеи од нивните омилени цртани.

Забавата траела до доцна во ноќта, а домаќините како и гостите фрлале огромни суми на пари.

„На забавата присуствуваа многу луѓе. Пристигна и главната бугарска ѕвезда Јулија Бикова, која секогаш оди со своите играчи, додека целиот под беше покриен со банкноти“, објаснува водителот во видеото.

Целата прослава се пренесуваше на Хепи ТВ во програмата „Свадба од милион евра“.

 

Scroll to Top