(Видео) Русинка-терминатор нокаутира маж и жена на плажа па мртва ладна си седна во кафеана

Необична тепачка на плажа во заливот Шамора во Русија. На социјалните мрежи кружи видео од жена со облини во костим за капење како тепа маж. На видеото прво се гледаат четири жени како се расправаат и се туркаат додека маж во бела маица се обидува да застане меѓу нив и да ги смири.

Жената во костим за капење потоа ненадејно го удира мажот со тупаница по главата, но тој не реагира. Таа сепак, продолжува да го тепа и го соборува на земја каде продолжува да го удира со раце и нозе. Потоа се враќа и ја удира постарата жена со која прво се скарала.

Откако ги нокаутирала противниците, жената мирно седнала во кафеана на плажа со другарките.

Не е позната причината за тепачката.

Видеото наводно е снимено на плажата Шамора во Приморскиот крај на крајниот југоисточен дел на Русија. Шамора е најпознатата руска плажа на Јапонското Море и една од 10-те најубави плажи во цела Русија.

Scroll to Top