Руската презентерка на вести на државната телевизија Александра Новикова стана хит на социјалните мрежи откако се рашири снимката на која таа не можела да се воздржи да се смее за време на читањето вести, за владиното зголемување на социјалната помош.
Новикова го читала извештајот за зголемување на помошта. Помошта била наменета за лицата со инвалидитет, воени ветерани, жртви на изложеност на радијација и други. Таа изнесувала 1.500 рубљи, односно 22 евра, од кои 900 може да се искористат за лекови, 137 за бањање и останато, а 363 рубљи за меѓународен превоз до болниците, пренесува „Радио Слободна Европа“.
Поголемиот дел од вестите ги прочита со релативно мирен тон. Новикова почнала да се смее кога ги читала трошоците за меѓународен превоз.
„Се обидував, слушнавте. Добро е што не е во живо“, се слуша Новикова.
Снимката не е емитувана на телевизија, но сепак привлече големо внимание на социјалните мрежи, кога ја објави порталот „Инфо 24“.
Блогерот Андреј Јегоров на мрежата „Телеграм“ предвидува дека само прашање на време е кога ќе заработи отказ. Од радиостаницата „Говори Москва“ цитирајќи неименуван извор, известила дека повеќе луѓе ќе бидат казнети.
„Ќе откриеме кој ја пушти снимката и целиот тим ќе биде казнет. Покрај тоа што ќе ги отпуштиме, ќе направиме сè за да не најдат никаква работа во иднина“, изјавил изворот.
Зголемувањето на социјалната помош следела по говорот на претседателот Владимир Путин за состојбата на нацијата на 15 јануари, кога ветил зголемување на пензиите и другите владини исплати. Путин побарал од владата опипливи резултати за граѓаните и остварување пристоен стандард за живеење.