Храбри планинари од Русија станаа хит на социјалните мрежи, затоа што јадеа колбаси испечени на вулканска лава.
Тие се качиле на вулканот „Кључевскаја Сопка“, кој се наоѓа на Камчатка, кој целото локално население го смета за свето место. Од вулканот секоја година се случуваат ерупции, па така и додека планинарите се качувале, неодамна исфрлената лава се ладела.
Гладните планинари нашле место каде што лавата сè уште била жешка, ги извадиле колбасите и ги испечиле на неа, а видеото го објавиле на социјалните мрежи.
Now, this is awesome: a group of Russian hikers climbed up Klyuchevskaya Sopka, the highest active volcano in Eurasia, and cooked sausages on the cooling lava! pic.twitter.com/aID6ve73Yd
— Jonny Tickle (@jonnytickle) March 18, 2021