(Видео) Руските пранкери го измамија градоначалникот на Мадрид претставувајќи се како Кличко

Руските пранкери Владимир Кузњецков и Алексеј Стојларов, познати како Вован и Лекус, го измамиле градоначалникот на Мадрид, Хозе Луис Мартине Алмеида. Тие му се јавиле на телефон и му се претставувиле како градоначалникот на Киев, Владимир Кличко.

Му јавиле дека проукраински активисти планираат да направат протести во Мадрид на кои ќе бидат соблечени голи, како симбол на слабоста на Украина против Русија и го прашале Мартинез дали ќе ги поддржи.

„Немам тело за тоа“, им одговорил кратко Алмеида.

Го прашале и дали планира да ги заплени сите имоти во Мадрид кои се во сопственост на Руси и бесплатно да им ги даде на Украинците.

Алмеида им одговорил дека неговата земја се придружува кон антируските санкции на ЕУ и дека од неговата канцеларија досега не регистрирала ниту еден имот кој би бил предмет на заплена по налог на Брисел.

Алмеида не говорел течно англиски, па за време на разговорот неколку пати побарал помош од преведувачите.

Scroll to Top