(Видео) Шега со соседите

Едно момче одлучило да се пошегува со станарите во една зграда. Тоа заѕвонило на интерфоните на сите соседи по што настанала општа конфузија, а потоа стоело пред домофонот и го снимило резултатот од својата шега.

Кога се јавиле некои од станарите, тој ги оставил меѓусебно да разговараат. Тие бргу сфатиле дека некој се шегува на нивна сметка.

„Ако го најдам, ќе го убијам“, изјавил гневен маж.

Снимката се појави на социјалните мрежи, а коментарите се различни. Повеќето мислат дека целата ситуација е комична, а некои признаваат дека и тие правеле слични нешта кога биле млади.

Гледајте го видеото: 

Scroll to Top