На социјалните мрежи се рашири видео кое доаѓа од Будва. Маж кој виси на ограда на тераса од зградата, го собра вниманието на соседите. Засега не е позната причината зошто мажот виси на тераса, но веројатно само на тој начин можел да го избегне бесниот сопруг кој ја фатил сопругата како го изневерува, коментираат по социјалните мрежи.
Видеото е објавено на „Фејсбук“ на страницата„Подгорички времеплов“, а според коментарте на видеото, главниот актер во видеото потекнува од Србија од местото Ужице.