(Видео) Скопски матурант качен на кола им го покажа средниот прст на полицијата

Видео од скопски матурант качен на кров на кола на која игра и покажува среден прст на полицијата кружи на социјалните мрежи. Дечкото е сниман пред хотелот „Александар палас“, додека игра во транс и покажува среден прст на полицаецот. Од МВР велат дека веќе го утврдиле неговиот идентитет и дека заради недоличното однесување на јавно место, ќе биде повикан во полициска станица во Карпош, а против него ќе биде поднесена соодветни прекршочна пријава. Реакции и коментари има и од граѓаните на социјалните мрежи за простачкото однесување на ученикот кој матурирал.

Scroll to Top