(Видео) Слонови избегале од циркуз за да играат на снегот

45-годишната слоница Карла и 50-годишниот слон Рони вчера побегнале од циркузот со кој патувале кон Санкт Петербуг, за да играат на снегот, пишува „Индепендент“. Во моментот кога циркузот бил во Екатеринбург, двата слона избегале и почнале да шетаат нив градот. На интернет се појавија видеа како талкаат низ градот и се валкаат по снегот. Еден од слоновите поминува фрекфентна улица и тргнува кон станбена зграда, а притоа го игнорира човекот што се обидува да го запре.

Карла и Рони патувале со семејството Тогни, една од најголемите италијански циркуски династии која и денес е активна.

„Ние многу ги сакаме нашите животни. Тие ни се како семејство. И тие го сакаат циркузот, но им станало здодевно бидејќи сега немаше работа. Нашите животни ќе живеат и ќе умрат со нас, не би можеле сами да преживеат во дивината“, рекол за руските медиуми Серген Бондарчук, еден од водителите во циркузот.

На крајот, слоновите се фатени и вратени во циркузот. За тоа им биле потребни десетина луѓе, меѓу нив и мештани, и успеале да ги качат слоновите во камион.

Scroll to Top