Србин кој живее во Швајцарија стана хит на социјалните мрежи откако објави видео како со своето „ферари“ оди во шума и собира купишта бадникарски гранки. Вели дека на идеја дошол кога ги видел своите соседи како собираат гранки од елка за католички Божик.
„Видов како тие ставаат елки во своите автомобили, па и јас решив по бадниково дрво да отидам со ‘ферари’”.
Неговите соседи биле зачудени сè додека Љубиша од Прокупље не им објаснил дека во православниот свет бадниковото дрво е исто што и елката за католиците.